Радио Лав со
својот сигнал го покрива етерот на Охрид,
Струга, Дебар и Кичево. Својот прв сигнал го емитираше во
етерот на 14,02,1999 год. Радио Лав ја
негува македонската култура. Музичката
програма е исполнета со музика за сите
генерации. На програмата се застапени емисии
од документарен и забавен карактер. Сигналот
на Радио Лав денес комплетно ја покрива
целата територија на охридскиот, струшкиот,
дебарскиот и кичевскиот регион, а исто така сигналот достигнува и до
пограничниот дел од соседна Република
Албанија или изразено во бројки го слушаат околу 300 000 жители. Во скора
иднина ќе го покрива целиот југо-западен
регион на Р.Македонија.

Иван Пашоски - директор |