ОХРИД ПРЕКРАСЕН Е И ВО ЗИМА СО СНЕЖНА ПРЕКРИВКА

Воодушевувачка и ретка е убавината на Охрид кога е под снежна покривка. Снегот што почна да паѓа од синоќа , не предизвика поголеми потешкотиии во одвивањето на сообраќајот, па затоа граѓаните уживаат во снежната убавина. За да не дојде до потешкотии во нормалното одвивање на сообраќајот , постојано на терен се екипите на ЈП „ Охридски комуналец“ кои ги чистат улиците и тротоарите.
Меѓуградскиот сообраќај од и кон Охрид денес се одвива редовно, со доцнење од половина час поради снежните наноси на коловозите и интензивните врнежи од снег, не информираа од Охрид Експрес .Автобусите на ова претпријатие редоовно сообраќаат со своите релации за Скопје.



Од регионалната дирекција за управување со кризи информираат дека снежната покривка во Охрид е висока 30 сантиметри и дека сообраќајот во Охрид и околината се одвива во изразито тешки зимски услови. Патиштата во околината постојано се чистат, иако тоа е отежнато поради интензивните врнежи. Од страна на Македонија пат се чисти и патниот правец кон Свети Наум, но сообраќајот се одвива отежнато.
