Недела Мај 19

KAKO СЕ ДОЧЕКА ВЕЛИГДЕН ВО АУСТРАЛИЈА

 

Поради временската разлика од осум часа пред Европското време,Велигден  и Христовото воскресение прво се прославени во Австралија на јужната хемисфера.

 

Повеќе илјади верници кои живееме во Австралија,а потекнуваме од  сите делови на нашата Македонија ги исполниве нашите свети храмови за заедно на полноќ да си го честитааме празникот. 

Илјадници километри далеку од дома, Македонците верници   го славеме Христовото Воскресение и Велигден во десеттина Македонски цркви и манастири во Викторија и подрачјето на Мелбурн.Се славеше и во црквата Свети Ѓорѓи и Успение на Пресвета Богородица во Епинг која е првата Македонска православна црква  изградена надвор од Македонија, што годинава славеше 50 годишен јубилеј од постоењето.50 гидини прослава на Христовото воскресение и светнување на првото свети Климентовото кандило,Историјата на овој наш храм не обрзува да го чуваме вечно запален пламенот во Цвети Климентовото кандило кој свети на овие простори и секаде до каде не има нас Македонците. Синоќа на полноќ Македонските Верници од повеќе генерации ја следеа Воскресенската богослужба, си го честитаа празникот, се кршеа со Велигденски јајца, палеа свеќи за здравје и среќа.

      -Секогаш било вака масовно посетено. Илјаден народ е  дојден овдека да го прославивме воскресението на Исус Христос.- вели Дончо Каневче,иселеник од Охрид.

     -Иако сме толку далеку од дома ги почитуваме и тука обичаите,си доаѓаме во црква во толку голем број. Да ни е на помош денот.-вели Ристо Николовски, иселеник од Штрбово.

Македонците во Австралија чиј број се проценува на повеќе од 300 илјади,посакуваме да се сплотиме и без делби и раздори заедно со Македонците во татковината и светот да се бориме за решавање на отворените Македонски прашања за  сочувување на името и идентитетот во овие критични времиња за Македонија.

Нека е за многу години Велигден,нека биде вецна македонија,да е неунистива насата вера ,како што Исус оживеаа по смрта со неговото Воскреснување.

Христос воскресна,Навистина воскресна!!!

Со велинденската радост ,среќен да ни е и за многу години празникот ..

Од Мелбоурн Аустралија  Васко Ангеловски

 

РАДИО ЛАВ - ЖИВО ОД СТУДИО